Пророците на Светското првенство

Translated into Macedonian (Original version)


Дали се сеќавате на октоподот Пол ? Тој беше ѕвезда на Светското првенство во 2010 година, кога успеа да го погоди победникот на натпреварите со Германија. Тој исто така го погоди и победникот на финалето. Неговата кариера започна со Европското првенство во 2008 година,  и продолжи со точното предвидување на 11 од  вкупно 13 натпревари. Тој обично бираше помеѓу две кутии со храна и национални знамиња на секој тим вклучен во секој натпревар. За жал, тој умре на крајот на 2010 година.

Пол не беше единствениот. Дури и крокодилот Хари го погоди победникот на Светското првенство во 2010 година. Покрај тоа, тој беше способен да предвиди два последователни резултати на парламентарните избори во Австралија. Сепак, тој не беше толку шармантен како германскиот октопод. Ниту сингапурскиот папагал Мани, не беше подобар, иако ги погоди сите четвртини и полуфиналиња на Светското првенство во 2010 година, тој не успеа да погоди кој ќе успее во финалето помеѓу Шпанија и Холандија.

Откога Пол предвремено замина ,  настана голема конкуренција за превземање на неговата круна. За време на Европското првенство во 2012 година, беа во игра три животни: Чита, индискиот слон кој живее во Зоолошката градина во Краков, Полска. Фред, украинската ласица, која може да ја следиме на Твитер. И Фунтик, украинската видовита свиња, која точно предвиде два од три натпревари.

Кој ќе го заземе местото на Октоподот Пол за време на следното Светско првенство? Дали тоа ќе биде папагалот, благословен од Папата Франсис на плоштадот Свети Петар, ѕвездата на италијанската национална радио-телевизија? Или пак тоа ќе биде германскиот слон Нели, кој досега точно предвиде 30 од 33 резултати? И, се разбира, не ја потценувајте видовитата моќ на младата панда, поддржана од кинеските државни медиуми.

Италијанскиот папагал наречен Аморе (на италијански љубов) ќе го даде своето предвидување со избирање на знамето на победничкиот тим на минијатурно фудбалско игралиште. Нели, преферира да ги предвидува победниците со удирање на топка во една од двете мрежи со знамиња на земјите кои се натпреваруваат поставени пред нив. Наместо тоа, малата панда ќе го предвиди резултатот на тој начин што во текот на групните натпревари, ќе избере храна од кутии обележани со знамиња и ќе се искачи на дрво, на кое се вее знаме во текот на елиминаторните рунди.

Имате милениче?
Дали тој или таа би можеле да го направат тоа подобро? Како?
Понудете им можност да се обидат!

by Ana

76 Votes
#100 of #1440 in the World
#4 of #9 for Macedonian


Ana's website

Go to the ranking page for Macedonian

Can you translate better?

Join the challenge