Предвидувачите на Светското првенство

Translated into Macedonian (Original version)


Се сеќавате на октоподот Пол ? Тој беше ѕвезда на Светскиот куп 2010, кога успеа да го погоди  победникот на натпреварите на Германија. Тој, исто така, го погоди и победникот на финалето. Неговата кариера започна со Европското првенство 2008,  и продолжи со точното предвидување на 11 од  вкупно 13 натпревари. Тој обично бираше меѓу две кутии кои содржеа храна со националните знамиња на секој тим вклучен во секој натпревар. За жал, тој почина кон крајот на 2010 година.

Пол не беше сам. Дури и Хари крокодилот  го погоди победникот на Светскиот Куп во 2010 година. Покрај тоа, тој успеа да предвиди два последователни резултати на австралиските сојузни избори. Сепак, тој го немаше шармот на германскиот октопод. Ни Мани не беше подобар, папагалот од Сингапур  кој ги погоди сите четвртини и полуфиналиња на Светското првенство во 2010 година, бидејќи не успеа да погоди кој ќе успее во финалето меѓу Шпанија и Холандија.

По прераното заминување на Пол,  дојде до голема конкуренција за тоа кој ќе ја земе неговата круна. За време на Европското првенство 2012, три животни беа во игра: Чита, индиски слон кој живее во зоолошката градина во Краков, Полска. Фред, украинската ласица, која може да се следи на Твитер. И Фунтик, украинската видовита свиња, која точно предвиде два од три натпревари.

Кој ќе го земе местото на Октоподот Пол во текот на следниот Светски куп? Дали ќе биде тоа папагалот благословен од Папата Францис на плоштадот Свети Петар, сега ѕвезда на италијанскиот национален јавен радиодифузен сервис? Или пак тоа ќе биде Нели, германскиот слон кој досега предвиде точно  30 од 33 резултати? И, се разбира, не ја потценувајте видовитата моќ на младата панда, поддржана од кинеските државни медиуми.

Италијанскиот папагал наречен Аморе (италијански збор за љубов) ќе го даде своето предвидување со избирање на знамето на победничкиот тим на минијатурно фудбалско игралиште. Нели претпочита да ги предвидува победниците со удирање на топка во една од двете мрежи со знамињата на земјите кои се натпреваруваат поставени пред нив. Наместо тоа, малата панда ќе го предвиди резултатот така што,  во текот на групните натпревари, ќе избере храна од кутии обележени со знамиња и ќе се искачи на дрво на кое се вее знаме во текот на елиминаторните рунди.

Дали имате милениче?
Дали тој или таа би можеле да го сторат тоа подобро? Како?
Дајте им можност да се обидат!

by Senka Mihajlovska

1662 Votes
#12 of #1440 in the World
#2 of #9 for Macedonian



Go to the ranking page for Macedonian

Can you translate better?

Join the challenge