Претскажувачите на Светското првенство

Translated into Macedonian (Original version)


Се сеќавате на Пол, октоподот? Тој беше ѕвезда на Светското првенство во 2010 година, затоа што умееше да го погоди победникот на натпреварите на Германија. Тој, исто така, го погоди и победникот на финалето. Неговата кариера започна со Европското првенство 2008  и продолжи со точното предвидување на 11 од  вкупно 13 натпревари. Тој обично требаше да одбере помеѓу две кутии кои содржеа храна, со националните знамиња на секој тим, вклучен во секој натпревар. За жал, тој почина на крајот на 2010 година.

Пол не беше единствен. Дури и Хари крокодилот го погоди победникот на Светскиот Куп во 2010 година. Покрај тоа, тој умееше да предвиди два последователни резултати на австралиските сојузни избори. Сепак, тој никогаш не ја постигна привлечноста на германскиот октопод. Ниту пак Мани, папагалот од Сингапур, не беше подобар,  кој ги погоди сите четвртини и полуфиналиња на Светското првенство во 2010 година, бидејќи не успеа да погоди кој би постигнал успех во финалето помеѓу Шпанија и Холандија.

По предвременото заминување на Пол,  се јави голема конкуренција за тоа кој ќе ја земе неговата круна. За време на Европското првенство 2012, три животни беа во игра: Чита, индиски слон кој живее во зоолошката градина во Краков, Полска. Фред, украинскиот твор, кој може да се следи на Твитер. И Фантик, украинската свиња - пророк која точно предвиде два од три натпревари.

Кој ќе го заземе местото на Пол Октоподот во текот на следниот Светски куп? Ќе биде ли тоа папагалот благословен од Папата Франциско на плоштадот Свети Петар, сега ѕвезда на италијанскиот национален јавен радиодифузен сервис? Или пак тоа ќе биде Нели, германскиот слон кој досега точно предвиде 30 од 33 резултати? И, се разбира, не ја потценувајте видовитата моќ на младата панда, поддржана од кинеските државни медиуми.

Италијанскиот папагал наречен Аморе (италијански збор за љубов) ќе го даде своето предвидување така што ќе го избере знамето на победничкиот тим на минијатурно фудбалско игралиште. Нели претпочита да ги предвидува победниците со удирање на топка во една од двете мрежи со знамињата на земјите кои се натпреваруваат, поставени пред нив. Наместо тоа, малата панда ќе го предвиди исходот така што,  во текот на групните натпревари, ќе избере храна од кутии обележени со знамиња и ќе се искачи на дрво на кое се вее знаме во текот на елиминаторните рунди.

Дали имате милениче?
Дали тој или таа, би умееле да го сторат тоа подобро? Како?
Дајте им можност да се обидат!

by Slavica

1387 Votes
#13 of #1440 in the World
#3 of #9 for Macedonian


Slavica's website

Go to the ranking page for Macedonian

Can you translate better?

Join the challenge