Пророштвата на Светското првенство

Translated into Macedonian (Original version)


Дали го помните Павле Октоподот? Тој беше ѕвезда на Светското првенство во 2010 година, затоа што можеше да го погоди победникот на натпреварите на Германија. Тој, исто така, го погоди победникот на финалето. Неговата кариера започна со Евро 2008  и продолжи со точното предвидување на 11 од 13 натпревари. Тој обично бираше помеѓу две кутии кои содржеа храна со националните знамиња на секој тим вклучен во секој натпревар. За жал, тој почина кон крајот на 2010 година.

Павле не беше сам. Дури и Хари Крокодилот го погоди победникот на Светскиот Куп во 2010 година. Покрај тоа, тој можеше да предвиди два последователни резултати на австралиските сојузни избори. Сепак, тој никогаш не беше толку привлечен како германскиот октопод. Ниту Мани не беше подобар, папагалот од Сингапур кој ги погоди сите четвртини и полуфиналиња на Светското првенство во 2010 година, бидејќи не успеа да погоди кој ќе постигне успех во финалето помеѓу Шпанија и Холандија.

Откако Павле прерано замина,  конкуренција за тоа кој ќе ја преземе круната беше голема. За време на Евро 2012, три животни беа во игра: Чита, индиски слон кој  живее во зоолошката градина во Краков, Полска. Фред, украинската ласица, која може да се следи на Твитер. И Фантик, украинската богомолка која точно предвиде два од три натпревари.

Кој ќе го заземе местото на Павле Октоподот во текот на следниот Светски куп? Ќе биде ли тоа папагалот благословен од Папата Францис на плоштадот Свети Петар, сега ѕвезда на италијанскиот национален јавен радиодифузен сервис? Или пак тоа ќе биде Нели, германскиот слон кој досега точно предвиде 30 од 33 резултати? И, се разбира, не ја потценувајте видовитата моќ на малата панда поддржана од кинеските државни медиуми.

Италијанскиот папагал наречен Аморе (италијански збор за љубов) ќе го каже своето предвидување така што ќе го избере знамето на победничкиот тим на минијатурно фудбалско игралиште. Нели претпочита да ги предвиди победниците со удирање на топка во една од двете мрежи со знамињата на земјите кои се натпреваруваат поставени пред неа. Наместо тоа, малата панда ќе го предвиди исходот така што ќе одбере храна од кутии обележани со знамиња во текот на групните натпревари и ќе се искачи на дрво на кое се вее знаме во текот на елиминаторните рунди.

Дали имате милениче?
Дали тоа ќе може да го стори тоа подобро? Како?
Дајте им можност!

by Zorica Angelovska-Kovachevikj

4 Votes
#497 of #1440 in the World
#6 of #9 for Macedonian



Go to the ranking page for Macedonian

Can you translate better?

Join the challenge