Предвидувачите на Светското првенство

Translated into Macedonian (Original version)


Дали се сеќавате на Павле Октоподот? Тој беше ѕвездата на Светското првенство 2010 година, затоа што го погоди победникот на натпреварите на Германија. Тој, исто така го погоди победникот на финалето. Неговата кариера започна со Евро 2008  и продолжи со точното предвидување на 11 од 13 натпревари. Тој правеше избор од две кутии кои содржеа храна со националните знамиња на секој тим вклучен во секој натпревар. За жал, тој почина кон крајот на 2010 година.

Пол не беше сам. Дури и Хари Крокодилот го погоди победникот на Светскиот Куп во 2010. Покрај тоа, тој успеа да предвиди два последователни резултати на австралиските Федерални Избори. Сепак, тој никогаш не беше толку атрактивен како германскиот октопод. Ниту Мани не беше подобар, папагалот од Сингапур кој ги погоди сите четвртини и полу финалиња на Светското првенство во 2010, бидејќи не погоди кој ќе биде поуспешен помеѓу Шпанија и Холандија во финалето.

Од ненавременото заминување на Пол, имаше голема конкуренција за тоа кој ќе ја преземе круната. За време на Евро 2012, имаше три животни во игра: Чита, индиски слон кој  живее во зоолошката градина во Краков, Полска. Фред, украинската ласица, која ја има на Твитер. И Фунтик, украинската богомолка која има погодено 2 од три натпревари.

Кој ќе го заземе местото на Пол Октоподот во текот на следниот Светски куп? Ќе биде ли тоа папагалот благословен од Папата Френсис на плоштадот Свети Петар, сега ѕвезда на италијанскиот национален јавен радиодифузен сервис? Или пак тоа ќе биде Нели, германскиот слон кој точно предвиде 30 од 33 резултати на досегашните натпревари? И, се разбира, не ги потценувајте видовитите сили на малата панда поддржана од страна на кинеските државни медиуми.

Италијанскиот папагал наречен Аморе (италијански збор за љубов) ќе го каже своето предвидување со тоа што ќе го избере знамето на победничкиот тим на минијатурно фудбалско игралиште. Нели претпочита да ги предвиди победниците со удирање на топка во една од двете мрежи со знамињата на земјите кои се натпреваруваат поставени пред неа. Наместо тоа, малата панда ќе го претпостави исходот преку одбирање на храна од кутии обележани со знамиња во текот на на натпреварите и преку искачување на дрво на кое се вее знаме во текот на елиминаторните рунди.

Дали имате милениче?
Дали тој или таа би можеле тоа да го сторат подобро? Како?
Дајте им можност!

by Valentina

10 Votes
#332 of #1440 in the World
#5 of #9 for Macedonian



Go to the ranking page for Macedonian

Can you translate better?

Join the challenge