Предвидувачите на Светското првенство

Translated into Macedonian (Original version)


Дали се сеќавате на Пол Октоподот? Тој беше ѕвезда на Светското првенство во 2010 година, затоа што можеше да го погоди победникот на натпреварите на Германија. Тој, исто така, го погоди победникот на финалето. Неговата кариера започна со Европското првенство 2008  и продолжи со точното предвидување на 11 од 13 натпревари. Тој обично бираше помеѓу две кутии кои содржеа храна со националните знамиња на секој тим вклучен во секој натпревар. За жал, тој почина кон крајот на 2010 година.

Пол не беше сам. Дури и Хари Крокодилот го погоди победникот на Светскиот Куп во 2010 година. Покрај тоа, тој можеше да предвиди два последователни резултати на австралиските сојузни избори. Сепак, тој никогаш не беше толку привлечен како германскиот октопод. Ниту Мани не беше подобар, папагалот од Сингапур кој ги погоди сите четвртини и полуфиналиња на Светското првенство во 2010 година, бидејќи не успеа да погоди кој ќе постигне успех во финалето помеѓу Шпанија и Холандија.

По ненавременото заминување на Пол,  постоеше голема конкуренција за тоа кој ќе ја земе неговата круна. За време на Европското првенство 2012, три животни беа во игра: Чита, индиски слон кој живее во зоолошка градина во Краков, Полска. Фред, украинскиот албино, кој може да се следи на Твитер. И Фунтик, украинската богомолка која точно предвиде два од три натпревари.

Кој ќе го заземе местото на Пол Октоподот во текот на следниот Светски куп? Ќе биде ли тоа папагалот благословен од Папата Францис на плоштадот Свети Петар, сега ѕвезда на италијанскиот национален јавен радиодифузен сервис? Или пак тоа ќе биде Нели, германскиот слон кој досега точно предвиде 30 од 33 резултати? И, се разбира, не ја потценувајте видовитата моќ на малата панда поддржана од кинеските државни медиуми.

Италијанскиот папагал наречен Аморе (италијански збор за љубов) ќе го каже своето предвидување така што ќе го избере знамето на победничкиот тим на минијатурно фудбалско игралиште. Нели претпочита да ги предвидува победниците со удирање на топка во една од двете мрежи со знамињата на земјите кои се натпреваруваат поставени пред неа. Наместо тоа, малата панда ќе го предвиди исходот така што ќе одбере храна од кутии обележани со знамиња во текот на групните натпревари и ќе се искачи на дрво на кое се вее знаме во текот на елиминаторните рунди.

Дали имате милениче?
Дали тоа ќе може да го стори тоа подобро? Како?
Дајте им можност!

by Maja Kostoska

2704 Votes
#6 of #1440 in the World
#1 of #9 for Macedonian



Go to the ranking page for Macedonian

Can you translate better?

Join the challenge